Во здравството се случуват и тоа секојдневно афери и скандали. Граѓаните слушнаа и прочитаа за инсулинот со скоро поминат рок, неквалитетен инсулин, лекови со поминат рок, вакцини кои треба да се добри, дали се, само министерот знае, како и неколку местења на тендери, веледрогерија Пановски, како и тендерот кој го доби компанија формирана пред 4 месеци.

Министерот Венко Филипче, најнормално функционира. Во меѓувреме речиси и ќе поминеше тендер во вредност од околу 36 милиони евра за централизацијата на лабораториите, но поради сомнителни моменти беше поништен.

Сега се поставува прашањето дали е на повидок нов скандал или набавка на инсулин во четири очи, додека доцни тендерот. На последниот инсулин рокот му беше до Септември и истиот како сто велат упатените имаше рок до Септември годинава. Токму поради тоа во јавноста се појави информација дека бил даден на невладината во која фигурира министерот Филипче или приказната е следна, имаше инсулин со последен рок до Септември, поделен во Август како донација. Тендерот доцни или е најавен за месецов но сеуште го нема. НО ИНСУЛИН ИМА. Оттука се поставува прашањето дали е направена набавка во четири очи?

Министерството за здравство за ова се нема изјаснето. Пациентите посебно 40-те илјади  дијабетичари во Македонија кои примаат терапијатреба да знаат со кој кавлитет инсулин примаат, од каде е набавен како и да биде со соодветен рок на траење како и во регуларна тендерска постапка набавен, не тоа да биде „под рака“ или во „четири очи“. Ваквите набавки се прават со народни пари и треба да бидат квалитетни и транспарентни, се друго  и поинаку не му оди во корист на никого, ниту на граѓаните ниту на пациентите, освен на тој што го мести тендерот.

 

 

Затоа министерот, Венко Филипче треба да даде одговор во јавноста!