Зголемен бројот на деца заболени од коронавирус

Расте бројот на деца заболени од коронавирус во изминативе денови. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени…

Расте бројот на деца заболени од коронавирус во изминативе денови.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.

Вчера објавените податоци, кои се однесуваат за состојбата со коронавирус за 2-ри месецов, покажуваат дека за 24 часа бројот на заболени деца се зголемил за 17 од кои најголем број се на возраст од 0-9 години.

Состојбата за 2-ри јуни вели дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 114 и 123 случаи соодветно, односно вкупно 237 позитивни случаи на коронавирус.


Related Articles