Недостиг на инсулин,различен квалитет на лековите,таблети со сомнително потекло нефункционалност на апаратчињата за мерење шеќер се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат околу 5000 охридски дијабетичари.

Велат најтешко е за оние кои се на инсулинска терапија,која многупати доцни, а најлошо од се е што меѓу нив има и деца.

„Не сме задоволни од апаратчињата што ги добиваме. Терапијата беше од паралелен увоз, претходниве дв-три години. Добиваме терапија која е произведена во Турција и Бразил и тоа влијае на гликемиите.“ – вели Гордана Волкан претседател на Здружение на дијабетичари од Охрид.

Дијабетичарите пак апелираат државата да се заинтересира за нивниот повеќе децениски проблем за да им се олесни лекувањето.

„Дијабетесот и дијабетичката ретинопатија се најчеста причина за слепило во развиените земји. Во Африка најчеста причина е катаракта, а во Европа е дијабетесот.

„Подобро е да се набави најнови типови на инсулин и подобри апаратчиња одошто да дојде до компликации кои се поскапи.“ – вели Гордана Волкан претседател на Здружение на дијабетичари од Охрид.

Кога Филипче ќе одговори на барањата на дијабетичарите од Охрид, а на иста мака се и дијабетичарите од Струга кои ги има на број 9000, од кои 2000 се на инсулинска терапија. Што да прават граѓаните кои секој ден се борат со дијабетот, каде е министерот да каже, што и како понатаму? Дали се грижи Филипче за овие граѓани и дали мисли за оваа категорија на болни? Каде е Филипче да реагира?