Поради бројните контроверзни информации, многу мајки се прашуваат колку е корисно да продолжат да го дојат детето откако ќе наполни една година. Две американски докторки, Нита Ландри и Соња Батра, даваат одговори на ова прашање.

Според педијатрите, мајките би требало да дојат во првите 12 месеци од животот на детето. Не постои причина зошто мајките би прекинале да дојат по првата година, вели Ландри.

„Ако и мајката и бебето се здрави, ако млекото е добро и доењето ви годи, слободно продолжете со доење. Светската здравствена организација вели дека доењето е во ред до втората година од животот на бебето, а според светската стручна литература, просекот е од две до четири години“, објаснува таа.

Доењето покрај тоа што го снабдува бебето со хранливи состојки, помага во намалување на ризикот за појава на рак на дојка и на јајници кај мајката. Доењето го зголемува имунитетот на детето бидејќи со тоа се пренесуваат антителата од мајката на бебето.

Батра вели дека постарото нејзино дете го доела до 13 месеци и не гледа причина зошто други мајки би престанале тука. Таа додава дека нема причина мајките да се срамат да го дојат детето повеќе од една година, ако имаат млеко и ако тоа е здраво за детето.