Променливо облачно време со засилен јужен ветер ќе преовладува денеска во земјава. Синоптичарите најавуваат повремен дожд уште од изутрина. На место ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени.
Во Скопје слично време со појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 13-тиот степен, а дневната до 24-тиот степен.
Во следните денови во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе бидат помали.