Три нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во гостиварскиот регион

Во гостиварскиот регион откриени се три нови случаи на инфицирани со коронавирус. Според епидемиолозите, последните тестирања дале по еден позитивен резултат во трите општини. Со ова вкупниот број на активни…

Во гостиварскиот регион откриени се три нови случаи на инфицирани со коронавирус. Според епидемиолозите, последните тестирања дале по еден позитивен резултат во трите општини. Со ова вкупниот број на активни случаи се искачи на 29.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита, особено во овој период кога регионот се соочува со вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 470 тестови и вкупната бројка на регистрирани е 50. Од нив 24 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица.


Related Articles