Вонредната состојба, четврта по ред, истекува во недела на 14 јуни. Дали Владата ќе побара продолжување треба да се знае до петок. Од тоа дали вонредната состојба ќе биде продолжена или не, како и од развојот на ширењето на коронавирусот, според вицепремиерот Бујар Османи, ќе зависи и датумот за одржување на превремените парламентарни избори.

-До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој повтори дека ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори.