Полицијата информираше дека вчера во Скопје мајка со нож ја бодела ќерката. 20 годишна скопјанка пријавила дека мајка и со нож и нанела три убодни рани во пределот на десната надколеница. Во полицискиот билтен се наведува дека на повредената и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8-ми Септември”. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на причините зошто мајката ја нападнала ќерката.