Службеник во општинската администрација во Струга е позитивен на ковид-19, поради што локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.
По консултации остварени со наделжните институции. Општината упатила повик до вработените да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари, пренесува МИА.
Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со други лица во Струга за да се откријат евентуални други инифцирани. Инаку, лицето позитивно на ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.