Заврши учебната 2019/2020 година за сите ученици, во која првпат се реализира настава по електронски пат и во вонредни услови. Свидителствата за деветтоодделенците ќе се доделуваат денеска во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром од 8 до 15 часот.
Запишувањето во средните училишта, како што соопшти Општината, ќе се одвива од 16 до 18 јуни 2020 година во периодот од 7 до 19 часот и на 19 јуни 2020 од 7 до 13 часот.
– Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром им го честитаат крајот на учебната година на сите ученици и наставници, кои во специфични околности успешно ја реализираа наставата и ги надминаа предизвиците, се наведува во соопштението.