Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево Ѓорѓија Сајкоски преку статус на Фејсбук пишува дека во Кичево драматично е зголемен бројот на невработени лица.
-Драматично зголемен бројот на невработени лица во Кичево.
Кичевското стопанство ги живее најтешките денови од осамостојувањето до денес. Бројката на невработени се зголеми за неверојатни 20% во Кичево и помина 3100 луѓе што бараат работа. Бележиме дека ова претставува прв пат од 2006 година да има раст на невработени во Кичево. Покрај затворање на бизниси во малото стопанство имаме испуштање на работници и кај најголемиот работодавач ЈСС. Се поголем е бројот на затворени дуќани. Ова навистина е жално за градот каде што немаше слободен дуќан. Но треба да се потсетиме дека до пред две години се бараше и дуќан но и работник плус, стои во неговиот пост на Фејсбук.