Тој пред пратениците во Парламентот рече дека церемонијата ќе ја води шпанскиот крал Филип Шести и оти на неа ќе присуствуваат и претставници на ЕУ и СЗО.
Церемонијата ќе се одржи четири месеци по воведувањето на ригорозните мерки за карантин во земјата, кога населението остана дома, а економските активности беа стопирани.
Од почетокот на епидемијата во Шпанија се заразиле повеќе од 244.000 луѓе, а починале 27.136 лица.