Во текот на денешниот ден министерството за здравство регистрираше нови 165 случаи на заболени од Ковид-19. Со тоа вкупниот број на дијагностицирани пациенти во Македонија се искачи на 6787 лица. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 2876, а на починати е 328.  Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583 лица. Од вчерашните тестирања три се контролни, а дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3280, активни 1983
• Куманово 784, активни 232
• Дебар 103, активни 51
• Штип 365, активни 160
• Прилеп 274, активни 48
• Тетово 743, активни 406
• Струга 245, активни 147
• Велес 189, активни 40
• Битола 57, активни 21
• Охрид 190, активни 161
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 143, активни 84
• Гевгелија 12, активни 5Струмица 16, активни 9 • Крива Паланка 15, активни 9 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 7, активни 4 • Кочани 73, активни 20 • Пробиштип 24, активни 15 • Демир Хисар 2, активни 1 • Македонски Брод 6, активни 4 • Пехчево 6, активни 3 • Берово 3, активни 1 • Валандово 6, активни 2 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 34, активни 30 • Кичево 40, активни 34 • Ресен 116, активни 91 • Неготино 21, активни 6 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направени се 1454 теста, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дистрибуцијата на активни случаи по општини Скопје денеска изгледа вака (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 424
• Аеродром – 154
• Бутел – 163
• Гази Баба – 193
• Центар – 143
• Карпош – 167
• Сарај – 148
• Кисела Вода – 121
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 113
• Шуто Оризари – 90
• Арачиново – 54
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 19
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 11