Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-5, Штип-16, Прилеп-3, Тетово-7, Струга-1, Велес-3, Битола-5, Охрид-1, Гостивар-11, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје-53, Дебар-3, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-7, Велес-5, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-11, Струмица-1, Крушево-1, Кичево-3, Ресен-9.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив 7 пациенти се починати во болница, двајца вон болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.