Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Македонија и Албанија. Стапката на смртност во Словенија е 5,65 проценти, во Македонија 4,45 проценти, следат Косово со 3,19, Албанија со 3,1 и Хрватска и БиХ со 2,83%. Стапката на морталитет во Србија е 2,28 проценти и во Црна Гора 1,77 проценти.
Најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани на Косово, а потоа следат Босна и Херцеговина (БиХ), и на трето место се Црна Гора и Македонија. На Косово се регистрирани 216 активни случаи на 100.000 жители, 177 во БиХ и 175 во Црна Гора и Македонија.
Во регионот најголем број на заболени од коронавирус во однос на бројот на жители е регистриран во Црна Гора, на второ место е Косово, а на трето место Македонија. Во Црна Гора има 5.743 заразени лица на милион жители, 5.693 на Косово и 5.692 во Македонија.