Во текот на вчерашниот ден министерот за здравство Венко Филипче рече дека сите јавно-здравствени установи веќе креираат термини преку системот Мој Термин. Тој посочи дека  здравствениот систем од септември комплетно ќе се врати во нормала.

Но пациентите кои од вчера почнале да бараат упати од своите матични лекари не можат да закажат специјалистички прегледи во државното здравство. Системот Мој Термин нема термини за закажување, посочуваат дел од пациентите.

Доктор Чолакова Дервишова која е и претседател на здружението на приватни лекари на Македонија, посочува дека вратила пациенти со мозочни удари, карциноми и слични тешки болести, кои сакаат да направат контрола. Но таа исто така вели дека ова се должи на тоа што нејзините колеги специјалисти се уште ги користат годишните одмори, па затоа и нема термини кај истите.

Системот Мој Термин во изминатиот период се користеше само за креирање на итни или седмични упати поради состојбата со коронавирусот.