Австралија ќе обезбеди бесплатни дози на вакцина против ковид-19 за целата популација

Фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд заеднички работат на развивање на вакцина против Ковид-19. Вакцината Оксфорд / АстраЗенека е една од петте потенцијални вакцини кои влегоа во напредната фаза на…

Фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд заеднички работат на развивање на вакцина против Ковид-19. Вакцината Оксфорд / АстраЗенека е една од петте потенцијални вакцини кои влегоа во напредната фаза на клиничките испитувања.

Премиерот Скот Морисон за Би-Би-Си соопшти дека доколку клиничките испитувања за вакцината бидат успешни ќе обезбедат брз пристап до истата за секој Австралијанец иако се уште не се познати трошоците за доставување на вакцината до целото население. Со овој потег ќе се обезбедат бесплатни дози за целата 25 милионска популација на континентот.

Премиерот Морисон изјави дека се надева вакцината да стане достапна на почетокот на следната година. Тој најави дека истата може да биде задолжителна, но се уште нема официјална потврда за таа одлука.

-Вакцинацијата ќе биде задолжителна колку што тоа е можно. Секако, секогаш постојат исклучоци од медицински причини, додаде австралискиот премиер.


Related Articles