Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 004, бројката на оздравени пациенти е 10 722, а на починати е 585. Бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2 697. Во текот на денешниот ден Министерството за здравство регистрираше 89 нови заболени со Ковид-19, 215 оздравени и седум починати од направени 1529 тестирања.
Според завршените епидемиолошки анкети, најмногу активни случаи има во Скопје 847, Куманово 371, Гостивар 269, Штип 214 и Тетово 179. Според направените епидемиолошки анкети, во скопските општини, пак денешната прераспределба изгледа вака.
- Чаир – 110
- Гази Баба – 107
- Аеродром – 101
- Карпош – 86
- Центар – 90
- Кисела Вода – 96
- Ѓорче Петров – 55
- Бутел – 65
- Шуто Оризари – 32
- Студеничани – 19
- Сарај – 28
- Арачиново – 16
- Илинден – 11
- Сопиште – 6
- Чучер Сандево – 6
- Петровец – 9
- Зелениково – 4
- Странец – 5
- Нераспределен – 1