Експертите од Универзитетот во Пекинг, во рамки на научно-здравствениот центар и британскиот Универзитет Оксфорд истакнуваат дека јајцата во исхраната се одлично за здравјето на луѓето.
Нивното истражување покажа дека конзумацијата на едно јајце дневно го намалува ризикот од срцев удар и болести на срцето.
Луѓето кои јадат едно јајце дневно имаат % помала веројатност за срцев удар, во однос на оние кои поретко ги конзумираат. Исто така, оние кои просечно јадат пет јајца неделно имаат 12% помала веројатност да заболат од болести на срцето.
Истражувањето е спроведено во Кина на пример од повеќе од 400.000 здрави луѓе, во возрасен интервал од 30 о 79 години, пишува Дејли Меил.
На почетокот на истражувањето, 13,1% од учесниците секојдневно јаделе јајца, додека 9,1% од учесниците воопшто не конзумирале или тоа ретко го правеле.
Експертите девет години подоцна ги споредиле податоците и откриле, меѓу учесниците е забележано 83.977 случаи на кардиоваскуларни болести и 9.985 случаи на смрт, како и 5.103 срцеви удари.
Оние кои јаделе најмалку едно јајце дневно, генерално имале помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести. Исто така, имале и 26% помал ризик од срцев удар, како и 28% помали шанси дека од него би можеле да умрат, пренесува Вечерни.
- Јајцата се познати како богат извор на протеини, витамини, минерали и добри масни киселини, но тоа не значи дека тогаш би требало значително да го зголемиме количеството на јајца во исхраната. Важна е целокупната исхрана и животниот стил, бидејќи не е реално да се очекува дека само од јајца би можеле да направиме разлика, заклучи професорото на кардиоваскуларна медицина од Универзитетот Шефилд, Тим Чико.