Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 827, бројката на оздравени пациенти е 13 315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Најмногу активни случаи има во Скопје 540, Куманово 190, Прилеп 133 и Тетово 117.
Досега во земјата се направени вкупно 166 356 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Во однос на скопските општини, по завршените епидемиолошки анкети, денешната прераспределба на активни случаи изгледа вака:
• Чаир – 53
• Гази Баба – 73
• Аеродром – 91
• Карпош – 67
• Центар – 71
• Кисела Вода – 56
• Ѓорче Петров – 22
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 10
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-0