80 вработени во НОБ се во самоизолација поради двајца колеги позитивни на вирусот

Директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, денеска за еден од нашите портали потврди дека Уметничката директорка на Балетот Олга Панго и примабалерината Александра Мијалкова се позитивни на ковид-19….

Директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, денеска за еден од нашите портали потврди дека Уметничката директорка на Балетот Олга Панго и примабалерината Александра Мијалкова се позитивни на ковид-19. Ова е прв случај на заразени со Ковид-19 во НОБ од кога е прогласена епидемијата.

Поради ваквата состојба во институцијата сите 80 колеги кои биле вклучени во пробите се пратени во самоизолација, вели уметничката директорка Панго во својата изјава. Таа посочува дека двете самоиницијативно се тестирале бидејќи два дена имале температура од 37.2 степени. Инаку не знаат од каде се заразиле, постојано носеле маски и низ целиот театар се почитувале сите заштитни мерки и протоколи, се вели во изјавата.

Поради контактите со нив, деновиве ќе се тестираат и уметничката директорка на Операта, Бисера Чадловска како и уште двајца колеги од маркетинг и од техничка служба, а откажан е најавениот гала-балетски концерт за на 30 октомври.


Related Articles