Во текот на изминатото деноноќие министерството за здравство регистрираше 428 случаи на коронавирус.
Направени беа 1853 тестирања, а новите случаи на ковид-19 се од: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.
Институтот за јавно здравје регистрираше 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.
Починаа 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 23 628, бројката на оздравени пациенти е 17 239, на починати е 834, а бројот на активни случаи во земјата изнесуваше 5555.
На Инфективната клиника беа примени 7 пациенти, 100 пациенти се хоспитализирани, а на кислородна поддршка се 62 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација.