Дете на возраст од една година во Кавадарци е позитивно на Ковид-19

Во Кавадарци денеска се регострирани 11 нови случаи на заболени од Ковид-19. меѓу нив е и дете на возраст од една година кое според Центар за јавно здравје Кавадарци, не…

Во Кавадарци денеска се регострирани 11 нови случаи на заболени од Ковид-19. меѓу нив е и дете на возраст од една година кое според Центар за јавно здравје Кавадарци, не одело во градинка.

-Еден маж е хоспитализиран на приватна клиника во Скопје, а имаме и почината жена на возраст од 65 години. Таа била хопситализирана на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница, и починала на пат кон болницата во Скопје. Покрај тоа што била позитивна на вирусот, имала и други заболувања – велат од центарот.

Највозрасниот пациент од новозаразените има 61 година. Во Кавадарци бројот на активни случаи се искачи на 183, а во Неготино активни се 62 случаи на вирусот.

Капацитетот е 23 легла, а се размислува и за негово проширување, во зависност од текот на состојбата со ширењето на вирусот.


Related Articles