Три лица во кавадаречката болница починале од коронавирусот

Кавадаречкиот Центар за јавно здравје информира дека три лица на возраст од 67 до 78 години починале како последица од коронавирусот. Станува збор за тиквешани кои се лекувале во кавадаречката…

Кавадаречкиот Центар за јавно здравје информира дека три лица на возраст од 67 до 78 години починале како последица од коронавирусот. Станува збор за тиквешани кои се лекувале во кавадаречката болница на ковид-одделот. Сите имале претходни болести.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, потврди дека имаат регистрирано вкупно 42 новозаболени, на возраст од 18 до 79 години. Во Кавадарци 19, Росоман 5, Неготино 15 и Демир Капија 3 лица.

 


Related Articles