Просечниот животен век на мажите е четири или пет години пократок од животниот век на жените. Откриено е дека од ембрионална фаза до старост, мажите имаат поголема стапка на смртност отколку жените.
Оваа разлика во смртноста обично се должи на здравствени проблеми поврзани со начинот на живот кај млади мажи, како и на релативно високата инциденца на кардиоваскуларни болести и малигни заболувања по средната возраст. Врз основа на некои студии, постојат разлики помеѓу мажите и жените во околу 15 главни причини за смрт.
Според некои студии, особено големи разлики во стапката на смртност се забележуваат кај кардиоваскуларните болести, ракот, дијабетесот и хипертензијата.
Биолошкото образложение за овие разлики се крие во разликите во должината на теломерите (крајните делови на хромозомите кои се поврзани со стапката на стареење и очекуваното траење на животот), посовршената функција на имунитетниот систем кај жените и заштитниот ефект на естроген против разни болести кај жените. Секако в предвид мора да се земат и хормоналните разлики и факторите на животната средина, како и бројните занимања на мажите кои се опасни по нивниот живот и здравје.
Покрај тоа, мажите имаат специфични карактеристики на животниот стил кои предиспонираат за поголема смртност, како што се начин на живот со поголем ризик, склоност мажите да не се спротивстават на промените во нездравото однесување и поретко да бараат лекарска помош.