Инфекција на уринарниот тракт е една од најчестите инфекции со кои се соочуваат и жените, но и постарите лица. Во текот на животот околу 50 отсто од жените барем еднаш имале уринарна инфекција. Секоја од нив добро се сеќава на чувството на жарење и болка при мокрење со постојана потреба „итно“ да се појде во тоалет. За жал, секоја четврта жена од оваа група ја измачуваат повторувачки уринарни инфекции.

Најчестите причини за појава на ваквите инфекции се бактериите, ослабен имунитет, но и анатомијата на уринарниот тракт. Жените имаат пократок мочен канал од мажите и бактериите од околината лесно и брзо стигнуваат до мочниот меур.

Симптомите на уринарните инфекции вклучуваат:

-Силен, упорен нагон за мокрење
-Чувство на печење при мокрење
-Мокрење на чести, мали количини на урина
-Урина со заматен изглед
-Урина која се појавува црвена, светло розева или темно кафеава боја – знак на крв во урината
-Урина со силен мирис
-Карлична болка, кај жените – особено во центарот на карлицата и околу областа на срамната коска

Уринарните инфекции најчесто се третираат со антибиотици, но многу лесно може да дојде до нивно повторување, па затоа превенцијата е особено важна. Одржувајте добра лична хигиена. Пијте многу течности, бидејќи токму нивото на хидратација е поврзан со ризикот од инфекција на уринарниот тракт. Зголемете го внесот на витамин Ц, консумирајте незасладен сок од брусница, земете пробиотик како јогурт или ќефир и природни додатоци како екстракт од лист од брусница.

Истовремено, практикувајте ги здравите навики како уринирање веднаш по интимниот однос што го намалува ризикот од појава на инфекција на уринарниот тракт, потоа мокрете веднаш штом ќе почувствувате потреба бидејќи задржувањето на урината подолго може да доведе до акумулирање на бактерии и кога користите тоалетна хартија за бришење, користете ја во насоката од напред кон назад, бидејќи во спротивно, од назад кон напред може да доведе до размножување и проширување на бактериите на уринарниот тракт.

Користете хигиенски влошки наместо тампони. Тампоните го зголемуваат ризикот од развивање уринарна инфекција, па ако сте склони кон инфекции, користете влошки. Менувајте ги хигиенските влошки при секоја посета на тоалетот. Не носете тесна облека, претпочитајте памучни гаќички. Памучната долна облека ѝ дозволува на кожата да дише и ја намалува влажноста којашто го поттикнува размножувањето на бактерии. Ако сте склони кон уринарни инфекции, кажете им „не“ на тесните панталони и тангата.

Избегнувајте алкохол, кафе и зачинета храна. Алкохолот, кафето, газираните сокови и зачините можат само да ви ја влошат состојбата. Додека се борите со уринарна инфекција, потребно е целосно да ги избегнувате.

При појавата на симптоми на уринарна инфекција, веднаш посетете доктор. Запомнете дека уринарните инфекции не се сериозен проблем ако се лекуваат навреме.