Министерот Филипче ги извиси фармацевтите за вакцина против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче ги извиси фармацевтите. Со потпишувањето на договорот со кинеската компанија Синофарм за вакцини против Ковид-19 кој треба да се случи денеска, Министерот Филипче не ги…

Министерот за здравство Венко Филипче ги извиси фармацевтите. Со потпишувањето на договорот со кинеската компанија Синофарм за вакцини против Ковид-19 кој треба да се случи денеска, Министерот Филипче не ги стави во приоритетна група фармацевтските работници.

Иако тие секојдневно се изложени на директни контакти со лица кои се заразени со коронавирусот, сепак не се предвидени во првата фаза на вакцинација која ги опфаќа само здравствените работници кои се во директен контакт со ковид пациентите и лица над 70 години. Кон оваа група министерот во текот на вчерашниот ден ги додаде и гинеколозите и матичните стоматолози откако истите се побунија дека биле изоставени, а секојдневно се изложени на директен контакт со лица позитивни на коронавирусот.

Фармацевтските работници иако не изгледа како да се на првата линија на одбрана од коронавирусот, сепак претставуваат важна алка во целиот синџир бидејќи тие се оние кои мораат да го издадат потребниот лек или рецепт на сите оние кои се веќе заразени или поминуваат низ фаза на инкубација, а можеби не направиле тест за да потврдат дека се позитивни. Ризикот на кој се изложуваат секојдневно е огромен, но Министерот Филипче не смета дека треба да бидат ставени меѓу првите кои треба да се вакцинираат.

Дали Министерот Венко Филипче ќе го увиди пропустот кој е направен и во однос на фармацевтските работници како што беше случај со гинеколозите и матичните стоматолози останува да видиме?


Related Articles