Сите термини од платформата „Мој термин“ се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од Ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.
-Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.