СЗО: Секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми и три месеци по инфекцијата

Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата. Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа,…

Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.

Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека т.н. „продолжен ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.

20101108 – GENK, BELGIUM : Hans Kluge (Acting Director, Division of Health Systems and Public Health, WHO-Europe) pictured at the Regions for health network conference, on the first of the two-days event, Monday 08 November 2010, in C-Mine in Genk.
BELGA PHOTO YORICK JANSENS

СЗО апелира политичките актери да направат повеќе за да се посвети внимание и да се третира долготрајниот Ковид, кој, меѓу другото, се манифестира со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на чувство за мирис, дијареја и кивање.

Клуге рече дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со Ковид има симптоми и еден месец по добивањето позитивен тест, додека секој десетти има симптоми дури и по 12 недели.


Related Articles