Цимет-природен лек кој го подобрува имунитетот и штити од вируси и бактерии

Циметот е зачин познат по широкиот спектар на лековити дејства и е редовен додаток во исхраната веќе неколку илјади години наназад. Тој претставува голем извор на витамини и минерали, содржи…

Циметот е зачин познат по широкиот спектар на лековити дејства и е редовен додаток во исхраната веќе неколку илјади години наназад. Тој претставува голем извор на витамини и минерали, содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, како и диететски влакна.

Освен што е додаток на колачите и тортите циметот е природен лек. Едно од природните решенија за вирусите е токму циметот кој има моќ да го запре растот и развојот на размножувањето на бактериите, вирусите и габите. Токму затоа овој зачин игра голема улога во заштитата на имунитетот и подобрување на целокупното здравје на организмот.

Еве неколку лековити дејства на циметот и рецепти кои би можеле да ги приготвувате лесно и едноставно за подобро здравје:

1. Го подобрува имунитетот: Комбинацијата на мед и цимет веќе долги години се користи како природен лек. Една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша вода го подобруваат имунитетот и го штитат организмот од вируси и бактерии.

2. Ја стимулира работата на мозокот: Истражувањата покажале дека мирисот на циметот може да ги подобри когнитивните способности, паметењето, да се зголеми будноста и концентрацијата.

3. Го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта: Студија спроведена во 2003 година покажува дека редовната употреба на цимет може да го намали нивото на шеќер во крвта и лошиот холестерол.

4. Ја намалува менструалната болка: Жените кои страдаат од силни менструални болки треба да го зголемат внесот на цимет. Со редовна употреба овој зачин помага во ублажување на болките.

5. Го зголемува нивото на енергија и ја подобрува циркулацијата: Една чаша овошен чај со четвртина лажиче цимет ќе ви помогне. Особено е корисна за луѓето чии нозе се постојано студени, бидејќи оваа мешавина ја зголемува виталноста и ја подобрува циркулацијата.


Related Articles