Поранешниот директор на Институтот за белодробни заболувања – Козле, Д-р Оливер Зафировски, вечерва беше гостин во македонскиот радио етер. Тој зборуваше за актуелната состојба со коронавирусот во Македонија и посочи дека уште кога не беше почната пандемијата се знаеше дека истата ќе дојде и кај нас.

– Комисијата за заразни болести која му е советодавно тело треба да знае. Пандемијата не почна во Македонија. Ние како професионалци коишто работевме и тогаш во болничките установи знаевме дека пандемијата ќе дојде и кај нас, дури и по клиничката слика кога уште не беше почната пандемијата знаевме дека децата коишто ги лекувавме по клиничката слика дека се ближи моментот кога и кај нас ќе дојде. Но, немавме тест и кога објавивме дека првата заболена беше тестирана надвор од Македонија, во Ниш, рече д-р Зафировски.

Во однос на проценката на министерот за здравство на почетокот на пандемијата дека во Македонија ќе има 2.500 заболени, д-р Зафировски рече дека е тоа огромна грешка. До денеска имаме 148.618 дијагностицирани случаи со Ковид-19.

Доктор Зафировски истакна дека грешката е направена уште во почетокот кога матичните лекари, не по своја вина беа исклучени од лекување. Македонија се доведе во ситуација да се бара кревет повеќе и она што е многу значајно, не е само да се обезбеди кревет, друго е да се обезбеди квалитетно лекување, објасни тој.

Зафиров зборуваше и 16-те модуларни болници во Македонија, кои задоцнето се поставија, а штетата ја платија граѓаните.

– Голем број од нив се пензионери кои редовно плаќале доприноси за здравствено осигурување и кога здравствениот систем им е најпотребен не добија туку некои од нив мораа да се лекуваат на приватни клиники, мораа да продаваат станови, да земаат кредити, за да се лекуваат таму. Здравствениот систем не се снајде и не беше добро организиран и тоа е неминовен факт. И по овие над 4.500 починати има се уште момент да се отрезниме, да поставиме стратегија и да започнеме нешто ново, посочи д-р Зафировски.