Компаниите Фајзер и БиоНТек до Европската агенција за лекови ЕМА поднесоа барање за примена на вакцината кај деца од 12 и 15 годишна возраст. Во текот на минатиот месец слично барање беше доставено до регулаторното здравствено село на САД за употреба на вакцината против коронавирусот, а истата е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ.
Барањето се темели на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, посочија од Фајзер и БиоНТек.
Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјави неодамна дека очекува вакцината на Фајзер/БиоНТек да биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.