Во текот на изминатото деноноќие според извештаите од Министерството за здравство 622 пациенти се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава. Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19, а во болницата во Прилеп 51 лице.
Министертсвото за здравство информира дека во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27, во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Овие бројки се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид центрите.