Хроничната болка е една од најчестите причини за преглед кај матичниот лекар во САД. Болката се дефинира како непријатно чувство, трае подолго, а лековите не треба да се единствен пристап во лекувањето. Пациентите кои имаат хронични болки имаат потреба нивната состојба постојано да биде следена од лекар.
Токму затоа лековите се најчестиот пристап во третманот на болка, со цел намалување на степенот на болка. Но многу треба да се внимава во изборот на соодветниот лек.
Едни од најчестите болки се мускулоскелетните кај кои болката на моменти е неподнослива. Прва линија на одбрана се парацетамолот и аналгинот, но нивната слабост е тоа што се помалку ефикасни и тоа што имаат потенцијално штетно дејство врз црниот дроб во дози поголеми од 4 грама на ден.
Алтернативно може да се применуваат напроксен, ибупрофен, диклофенак, кои се ефикасни лекови во намалувањето на болката. Слабоста кај овој тип на лекови е тоа што не смеат да се користат континуирано, односно најдолго од 7 до 10 дена. Постојаната употреба доведува до гастроинтестинални крварења, кардиоваскулаторни настани и бубрежна слабост.
Опоидите пак се употребуваат кај малигните случаи, а слабоста е во тоа што имаат несакани ефекти како сонливост, слабост, опстипација, гадење. Главната слабост кај опоидите се крие во развивањето толеранција и создавањето на потенцијална зависност.
Најновите препораки на Европската асоцијација за ревматизам високо ја препорачуваат примената на НСАИЛ гелови и кремови за болка во зглобовите, шаките, стапалата, рачните и скочните зглобови. Користењето на овие препарати има низок степен од несакани ефекти и е еден од најсигурните налини болката да се третира долгорочно.