На инфентивната клиника во Тирана, Албанија, во изминатото деноноќие за прв пат не е хоспитализиран нов случај заболен од Ковид-19. Албанија веќе 14 месеци води борба со смртоносниот вирус и како што велат докторите веќе ја гледаат светлоста на крајот од тунелот.
Еден од најпознатите инфектолози во Албанија, Тритан Кало, посочи дека е рано да прогласат победа, и затоа апелира и понатаму граѓаните да бидат внимателни и совесни во почитувањето на мерките и протоколите, особено да не потпаѓаат под влијание на „злонамерниците кои зборуваат против вакцинација”. Доктор Тритан Кало од самиот почеток е ангажиран во третирањето на ковид болните во клиниката.
Во ковид болниците во Албанија се хоспитализирани 99 пациенти, а останатите се лекуваат во домашни услови. До крајот на месец мај Албанија очекува да бидат имунизирани милион албански граѓани.