Јапонија се соочува со четвртиот бран на пандемијата со коронавирус. Министерството за здравство на Јапонија денеска соопшти дека 1 144 ковид пациенти се со тешка клиничка слика, а во главниот град Токио нови 1000 лица се заразени со вирусот.
Откако во петокот потврди рекорден број на 1 131 случаи на ковид со сериозна клиничка слика, јапонската влада донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во Токио на пошироката област Осака до 31 мај и засилување на ограничувачките мерки во префектурите Аичи и Фукуока.
Јапонија бележи повеќе од 7 000 нови инфекции на ден и бројни нови случаи на ковид-19 во 15 од 47 префектури.
1 032 нови случаи на ковид-19 беа потврдени во Токио денес, нешто помалку отколку во саботата кога беа евидентирани 1 121 – најмногу од 22 јануари, кога беше на сила вонредната состојба.