Вкупно 107 978 граѓани заклучно со вчерашниот ден на вакциналните пунктови во државата се вакцинираа. Интересот за вакцинација се зголемува, а сите заинтересирани треба да се пријават на платформата вакцинација.мк. Досега 279 909 граѓани поднеле барањата на веб страната. Од Министерсвото за здравство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштуваат од Министерството.

Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Во моментов се вакцинираат повозрасните граѓани, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.