Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид 19 во: Скопје 58, Куманово 16, Битола и Радовиш по 9, Виница 8, Кочани и Кичево по 7, Прилеп, Охрид и Штип по 6, Велес и Струмица по 5, Тетово, Гостивар и Ресен по 4, Кавадарци 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица по 2, Делчево, Пробиштип, Крушево и Демир Хисар по 1
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г).
Регистрирани се 409 оздравени пациенти од: Скопје 171, Прилеп 39, Куманово 37, Битола 36, Тетово 15, Велес 13, Гостивар 12, Кичево 11, Штип 10, Струмица 9, Кавадарци и Радовиш по 8, Крива Паланка 6, Охрид и Кочани по 5, Виница и Демир Хисар по 4, Дебар и Пробиштип по 3, Неготино, Ресен и Богданци по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.