Освен Штип и Струмица доби пункт за имунизација на населението. Причината за отворање на регионален пункт во Струмица е зголемениот интерес на граѓаните од овој град за вакцинирање против Ковид-19, но и нивните реакции дека не можат сите да патуваат до регионалниот центар во Штип.
Директорката на Здравствен дом Струмица, Љубица Митева, посочи дека голем број на граѓани се заинтересирани, но има и такви кои имале закажано термини во Штип, но сега доаѓаат во Струмица да се вакцинираат.
Инаку вакциналниот пункт во Струмица е сместен во спортската сала на училиштето „Никола Вапцаров“. Во текот на вчерашниот ден беа закажани околу 450 термини, а според најавите дневно во овој пункт во просек би требало да се аплицираат по околу 500 вакцини.