За среќа, има начин да подготвите здрав и хранлив оброк за појадок и тоа за многу кратко време. Во суштина наутро е најдобро да се внесуваат протеини, интегрални житарици, здрави масти и овошје или зеленчук. Комбинацијата од овие состојки ќе направи да се чувствувате сито, но и ќе му годи на вашиот организам.

Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа во продолжение презентираме неколку предлози за здрав, брз и лесен појадок:

– Земете ја омилената чаша, истурете неколку супени лажици овес, какао, малку рендана црна чоколада, грст свежо сецкано овошје и право на работа.

– Направете протеинско смути од млеко, овесни снегулки, банана, путер од кикиритки, чиа, како и малку јогурт.

– Изматете јогурт или павлака, гранола, овошје и малку мед.