Од закоравени дамки до затнати одводи. Ова овошје е природно средство за чистење кое не сте ни знаеле дека го имате. Па така, кога станува збор за убаво измиени садови, тогаш ова е вистинското решение за вас.
Скапите препарати и детергенти за садови често пати знаат да ја изневерат вашата доверба кога станува збор за чистење на садовите особено кога имате закоравени дамки на тавите или тенџерињата. За да го постигнете ефектот на светнати садови кои истовремено ќе мирисаат убаво и свежо, едноставно користете лимон.
Ова овошје е особено корисно за закоравени и мрсни дамки кои се наталожени на садовите, како и за запечената храна на нив.
Постапката е многу едноставна. Додека ги миете садовите во машина за садови, ставете внатре 2-3 кришки лимон и ефектот ќе биде неверојатен.