Доктор Марија Андоновска на својата фејсбук страна денеска посочи за сериозниот недостаток на системот за електронско пријавување за вакцини доколку граѓаните се пријават повеќе пати за вакцинација. Таа го опишува нејзиното лично искуство.
– „Луѓе, ако сте веќе еднаш пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно,затоа што според кажувањата на одговорно лице за електронско пријавивање, се евидентира само датата на вашата последна регистрација на сајтот! Ова е моето денешно искуство ?
На барање на повеќе граѓани кои се над 60г и покажале интерес за вакцинација, пријавувајќи се на vakcinacija.mk, се јавив во Министерство за здравство да добијам одговор зошто овие луѓе сеуште немаат добиено термин за вакцинирање, а многу помлади кои не спаѓаат во приоритетни категории, веќе го имаат сторено тоа. Од таму ме препратија да се обратам на бројот 0215444 како компетентни лица кои можат да ми одговорат. После повеќе обиди успеав да ги добијам.
Јас се преставив и ги поставив моите прашања. Госпоѓата која ми се јави беше многу љубезна и културна, но одговорот воопшто не ми се допадна. Најпрво ми рече дека се направил пресек до 30.04.2021 и оние кој се пријавиле до таа дата добиваат термин за вакцинација. Јас и реков дека има луѓе кои се над 60г и не само што се имаат пријавено до 30.04, туку тоа го прават секој втори, трети ден со цел дека ќе добијат термин. Е тука го слушнав она што не ми се допадна.
Госпогата ми одговори дека не требало да се пријавуваат повеќе пати бидејќи системот го регистрира само последното пријавивање. Ова би значело дека многумина кои се пријавиле на vakcinacija.mk пред 30.04, а потоа повторно се пријавувале, регистрирана е последната дата. И реков дека ова е сериозен недостаток на системот и ако е така како што таа ми тврди, тогаш граѓаните треба да се известени за ова, а тие како министерство да сторат нешто за проблемот да биде надминат“, пишува доктор Андоновска.