Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска изјави дека состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Таа на отворањето на нова детска градинка во Шуто Оризари посочи и дека ќе направат проценка кога би можеле да ги отворат групите комплетно како во претходниот период.

– Претпазливо одиме во целиот овој процес бидејќи се работи за најмладите и ќе правиме процена кога би можеле да ги отвориме групите комплетно како во претходниот период. Она за кое имаше измена во протоколите е за време на годишните одмори да можат да се спојуваат децата од 2 до 6 години во иста група за да можат вработените да ги користат одморите, изјави Шахпаска.

Во изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај од вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, така што доколку епидемиолошката состојба и натаму е стабилна може да се размислува за зголемување на капацитетот на градинките, односно укинување на протоколите, додаде министерката.