Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека е евидентиран уште еден случај на заболен со индискиот сој на коронавирусот. Станува збор за уште еден македонски граѓанин кој е дојден од Ирак, а е колега на првиот пациент кој исто така долета од Ирак во Македонија.

Филипче во изјава за медиумите денес од Битола посочи дека постои стравување од индискиот сој или некоја нова мутација која може да биде позаразна, но пациентот кај кој била детектирана мутацијата не е во ризична состојба.

 

-Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават, рече министерот Филипче денес во Битола.