Не се распаѓа само амбулантата во Ѓорче Петров, на фотографиите може да се види дека во катастрофална состојба е и амбулантата во Бутел. На фотографиите може да се види дека условите се ужасни и за медицинскиот персонал и за пациентите. Во општината со над 36.000 жители ова е единствениот државен здравствен објект. Изграден е во 1963 година и очигледно е дека од тогаш не се направени покрупни инфраструктурни корекции. Во него работат матични лекари, а по лекарска помош доаѓаат и стари и млади. Секој коментар е вишок. Сами оценете дали во вакви услови лекарите треба да ги лекуваат пациентите?