Горивата од полноќ поскапуваат. Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 1,50 денари. Цената на дизелот се зголемува за 1 денар од полноќ.
Ова се новите цени на горивата:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 71,00 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 73,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 63,00 ден/лит
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50
денар/литар и новата цена ќе изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг.
Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.