Високите температури во лето не само што се предизвик во текот на денот, туку ги прават и ноќите невозможни за спиење. Експертите за сон и спиење посочуваат дека жештините кои влијаат на сонот не треба да се потценуваат затоа што потоа во голема мера се одразуваат при извршувањето на работните и дневните задачи.
Токму затоа тие препорачуваат неколку начини кои можат да помогнат да се чувствуваме попријатно и полесно да ги отспиеме жешките ноќи:
– Соодветна вентилација: Во текот на денот прозорците треба да бидат затворени и ролетните спуштени, а пред да си легнете отворете ги и дозволете да влезе воздух
– Топли напитоци: иако звучи можеби чудно и несоодветно, сепак топол чај, млеко или можеби какао пред спиење ќе ви помогне помалку да се потите, исто како топол туш кој ги отвора порите и потоа дава чувство на свежина
– Избегнувајте алкохол: алкохолот ги шири крвните садови и го поттикнува ноќното потење
– Едноставно спијте на поладно место: Доколку имате среден подрум со кревет поминете ги жешките ноќи таму, а ако немате пробајте да спиете на патос. Постелете тенок душек со чаршав и не само што ќе уживате во поладниот воздух кој паѓа долу, туку и ќе имате поисправен рбет.