Во лето кога се соочуваме со високи температури и горештини, сите бараме начини како полесно и побргу да се оладиме. Но при тоа се прават големи грешки, така што наместо да направиме да ни биде попријатно, всушност ни станува полошо.
Голема грешка е за време на големите горештини да се пие студена вода или сокови со многу мраз, бидејќи тогаш на течноста и е потребно повеќе време да се рашири низ телото и да го хидрира. Поради тоа, идеално е за време на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така телото најбрзо ќе има корист од неа.
Причината е тоа што нашето тело функционира на 37 степени целзјусови и повеќе му годат млаки наместо ладни пијалоци. Иако можеби ладните пијалаци се освежителни во летните денови, штом ќе се спуштат во желудникот, телото почнува да ги „загрева“ до идеалната температура. Притоа, организмот троши повеќе енергија која се ослободува преку потење. Поради ова, пак, побрзо се трошат внесените течности.
Освен вода во лето треба да се пијат и чаеви бидејќи доколку пиете само вода, можете да предизвикате спротивен ефект од посакуваниот – телото нема да ги добие важните состојки кои се губат преку потењето. Најдобро е да избегнувате да пиете еден ист вид чај во текот на целиот ден.