Во Кичево денеска за прв пат е инфицирано десетмесечно бебе, а состојбата со коронавирусот секојдневно се влошува. Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемува, а појавени се и нови кластери од кои еден од 30 млади лица. Д-р Неџат Балажи од Општата болница во Кичево изјави дека последниве неколку седмици Кичево се најде во водечката група на градови по број на новозаболени лица од Ковид-19.
– Во модуларниот ковид центар денес се згрижени 22 пациенти од кои шест се на кислородна подршка, додека една особа е во исклучително тешка состојба и можно да биде транпортирана за Скопје, посочи тој. Информираше и дека инфицираните случаи се помлади лица, што претходно не беше случај.
– Меѓу новозаболените во Кичево се поголем е бројот на лица под 40 – годишна возраст, а бројот на новозаболени е така висок од причина што се појавија повеќе кластери, од кои најновиот го сочинуваат 30 млади лица кои биле изминативе 10 дена на одмор во Охрид. За прв пат во нашата општина имаме инфицирано и бебе од 10 месеци што е во блиски роднински врски на еден од кластерите, нагласи докторот и потенцира дека интересот за тестирање е исклучително висок и само во текот на денешниот ден се тестирани повеќе од 50 лица.
Нагласи дека се поголем е притисокот за вакцинација кај сите популациски групи, а дека е важно да се вакцинираат, потврда се и лицата кои се хоспитализирани во ковид центарот и кои во најголем број немаат примено ниту една вакцина. Балажи додаде дека во скопските болници се наоѓаат четворица пациенти од Кичево со потешка клиничка слика.