Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на социјалната мрежа Фејсбук, апелира граѓание кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат, бидејќи коронавирусот е раширен.
– На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во Македонија да имаат негативен тест или да се вакцинирани. Не ме послушавте.
– На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. Не верувавте и навредувавте.
– На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен.
„Настинката“ не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време. Знам дека нема да ме послушате!“, пишува д-р Беќаровски.